Западниот Балкан и ЕУ – вратите остануваат отворени, но регионот треба повеќе да изработи

Од:

За оние кои се противат на идното проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, изјавата на новиот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер, која ја даде во јуни, беше поттикнувачка. Преговорите ќе продолжат, рече тој, но во следните пет години нема да има проширување. Политичката порака беше дека целиот процес замрзнува.

Изјавата е „спорна и популистичка“, рече Штефан Фуле, комесарот за проширување во заминување, затоа што ниту една балканска држава нема да биде готова да се приклучи во следните пет години. Тоа беше погрешна порака за Западниот Балкан и во погрешно време. Се проширија гласини дека во новата комисија на Јункер ќе отпадне и позицијата на комесар за проширување. Неколку гневни зборови (и твитови) од Карл Билд, поранешниот шведски министер за надворешни работи, помогнаа тоа да биде спречено. Укинувањето на фотељата за проширување, рече тој, ќе биде еден многу лош сигнал и избегнување на одговорноста.

Назначувањето на почетокот на месецов на Австриецот Јоханес Хан за нов комесар за проширување, доведе до барање на смислата на неговото поставување на таа позиција.
„Добрососедска политика и преговори за проширување“.

Соседите се состојат од шест поранешни советски држави, плус јужното Средноморие. Британскито европратеник Чарлс Теник рече дека потценувањето на проширувањето од страна на Јункер има за цел да го смири јавното мислење. Но тоа се претвори во стока која тешко се продава, рече тој, заради опасностите од организиран криминал и миграција, настрана од неповрзаната со тоа полемика за идното членство на Турција.

Западниот Балкан ја загуби претходната силна поддршка од Велика Британија, која деновиве на прво место се плаши заради емиграцијата. Но Германија стана поактивна. Всушност, подлабоките проблеми не се во ЕУ, туку во самиот регион. Напредувањето на Босна со нејзината нефункционална влада е сопрено веќе осум години. Тоа на Македонија продолжува да биде блокирано од спорот со Грција за нејзиното име. Косово е толку назад што останува единствената држава западно од Украина чии жители не можат да патуваат во Шенген зоната во ЕУ без виза.

Притоа, остануваат Црна Гора која е веќе во процес на преговори, Албанија која официјално стана канидиат во јуни, и Србија која има зелена иднина да започне преговори и се надева да ги започне до крајот на годината. Тања Мишчевиќ, главниот преговарач за Србија, има измешани чувства. Поставувањето на преговорите на врвот е добро, вели таа, но политичкиот ангажман исто така има значење. Постои ризик, стои во новата информација на аналитичарите од Групата за политички совети „Балканот во Европа“, за „турско сценарио“ на преговори, кои никогаш не завршуваат. Тоа може да создаде други опасности, вклучително и за Русија или за Турција. Информацијата вели дека откажувањето од целта за членство во ЕУ, дури и тоа да не е официјално, ќе има последици за демократијата, меѓуетничките односи и за долгорочните економски инвестиции.

Како прилог на ова, Западниот Балкан наскоро ќе открие уште еден сојузник во Брисел – Федерика Могерини, Италијанката која ќе биде висок претставник на ЕУ за внатрешни работи и безбедност. Нејзината држава, како и државата на Хан, добро го познаваат Балканот, и разбираат дека проширувањето е прашање на безбедност. Еден стабилен Балкан е нешто добро за сите, но нестабилен и сиромашен Балкан може да извезува криминал и емигранти, па дури и повторно да се навратат кон конфликти. Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, рече дека на Јункер проширувањето сигурно не му е приоритет, но тоа не значи дека треба да предизвика претерана тревога на Балканот. Како што рече Елмар Брок, претседателот на комисијата за внатрешни односи во Европскиот Парламент, тие треба самите да си ја напишат домашната задача.

Економист – Лондон

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски