Загинаа сите 20 членови на екипажот на срушениот воен авион – Ердоган изрази сочувство

Од:

Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинаа во авионската несреќа на границата меѓу Грузија и Азербејџан, објави денес Турција.

Авионот Ц-130 полета од Азербејџан и се враќаше во Турција кога се урна, соопшти турското Министерство за одбрана на мрежата X, пренесува Usornnews.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази „длабока тага“ и сочувство до семејствата на жртвите.

– Со Божја волја, ќе ги надминеме овие проблеми. Во нашите молитви сме со нашите маченици – рече Ердоган.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, исто така, му упати сочувство на Ердоган, нарекувајќи ја несреќата „трагична загуба на војници“ и изразувајќи солидарност во овој момент на болка.

Грузиското Министерство за внатрешни работи објави дека авионот се урнал во општината Сигнаги, во близина на границата со Азербејџан, и дека е започната истрага.

C-130 Херкулес, произведен од американската компанија „Локид Мартин“, има четири мотори и е наменет за воени транспортни задачи.

Авионот е дизајниран за слетување и полетување од неподготвени или полуподготвени писти, а се користи за транспорт на воен товар, војници и евакуација.

Би можело да ве интересира

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра