Загина момче при протести против сечење дрва во Турција

Од:

Едно лице загина минатата ноќ во јужниот турски град Хатај, за време на протести против сечењето дрва.

Како што јави телевизијата НТВ, жртвата, 22-годишниот Ахмет Атакан, бил тешко ранет за време на протестите, по што нешто подоцна во болница им подлегнал на здобиените повреди.

Атакан бил ранет при судирот меѓу полицијата и демонстраните, до кој дошло кога учесниците на протестот се обиделе да минат низ главниот булевар во Хатај и покрај полициското предупредување да се откажат од таквата идеја.

За растерување на демонстрантите полициските сили употребиле солзавец и водени топови.

Засега има контрадикторни информации за тоа како бил повреден Атакан. Според негови пријатели, тој бил погоден во главата со граната со солзавец што ја истрелале полициските сили, додека полицијата тврди дека тој „загубил рамнотежа и паднал од трикатна зграда, додека се обидувал да украде сончев колектор“.

Последниве денови во повеќе градови во Турција се организраа протести против плановите на властите да изградат пат преку територијата на еден Универзитет во Анкара, за што е потребно да бидат исечени повеќе дрва.

Аналитичарите не ја исклучуваат можниста овие демонстрации да прераснат во масовни протести како оние во јуни годинава, кои започнаа како еколошки собир против изградбата на трговски центар во паркот Гези во Истанбул, а прераснаа во масовни антивладини протести.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски