Заедничка мисија на бугарски и шпански воени авиони за заштита на воздушниот простор

Од:

Заедничката мисија за засилена заштита на бугарскиот воздушен простор почнува денеска, во која ќе учествуваат шесте шпански ловци Еурофајтер Ф-200 кои слетаа во саботата во воздухопловната база Безмер, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските и шпанските борбени авиони до 2 декември заеднички ќе извршуваат задачи во рамките на мисијата на НАТО за засилена заштита на воздушниот простор долж источното крило на Алијансата. Бугарското Министерство за одбрана прецизираше дека во реализацијата на заедничките задачи за зајакнување на заштитата на воздушниот простор на Бугарија, пред се ќе се користат бугарските воени ловци.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, пред неколку недели, бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов ја соопшти веста за пристигнувањето на шесте шпански борбени авиони „Еурофајтер“, заради учество во заштитата на воздушниот простор во таа земја. Тој соопшти дека шпанските борбени авиони ќе бидат распоредени и во Романија во периодот од декември 2022 до март 2023 година, со осум авиони Ф-18 М таму заедно со група од 130 воени лица. Заедно со нив во Романија ќе биде инсталиран и радар со долг дострел.

Според бугарскиот министер за одбрана, целта на присуството на шпанските сили во двете земји е зајакнување на источното крило на НАТО. Тоа, исто така, е дел од севкупната стратегија на Алијансата за одврачање, поврзана со руската воена инвазија на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Искршено стаклото на македoнскиот културен клуб во Благоевград – не стивнуваат провокациите

Анита Петровска Рајковиќ

Бугаринот Стојанов нуди 200 евра за името на македонски полицаец-Чак Норис е одговорот од Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Бугарски пратеник во живо пренесуваше како се бутка со македонската полиција

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Закана сте за безбедноста, нема влез во Македонија – Бугарски новинари добиле забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Џамбаски: Tоа што се случува на границата е срам

ВИДЕО: Името си го продадовте за пет чрвени – Нервоза и пцовки од Бугарите кон полицајците на Деве Баир

Анита Петровска Рајковиќ