Зачестени барања за пренамена на „Аја Софија“ во џамија

Од:

Во Турција зачестија барањата за пренамена на објектот „Аја Софија“ во Истанбул во џамија, наведува весникот „Хуриет“.

Според весникот, последно во низата вакви барања е она на главниот оџа на истанбулската џамија „Султан Ахмет“, Мустафа Акгул,

„Аја Софија“ и беше одземена на нашата заедница. Треба повторно да ни биде одобремо „Аја Софија“ да ја користиме како џамија. На овој начин, од ваше име ја упатувам нашата молба (кон владата), изјави Акгул по празничната молитва по повод Курбан бајрам.

Византиската црква „Света Софија“ биле претворена во џамија по освојувањето на Константинопол од страна на Османлиите во 1453 година и како муслимански верски објект била користена без прекин цели 482 години. Во 1935 година по наредба на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, „Света Софија“ стана музеј.

Во последно време, меѓутоа, зачестија барањата за претворање на музејот во џамија, а таква иницијатива беше доставена и до турскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица