За шверц со кокаин внукот на диктаторот Хоџа заработи притвор

Од:

На деветмина упасени во големата акција на албанската полиција за меѓународен шверц со кокаин Судот за тешки кривични дела во Тирана им одредни мерка притвор до завршување на истрагата. Двајца од уапсените се ослободени поради немање доволно докази, јави дописникот на МИА од Тирана.

Притвор заработија и Ермал Хоџа, внук на албанскиот комунистички диктатор, Енвер Хоџа, Илир Хисени, главниот транспортер на дрогата во западно европските земји, двајцата Колумбијци, Цезар Авила и Ватхе Морено, како и уште петмина други уапсени во истата акција, реализирана, минатата недела во Тирана, Драч и Елбасан, во соработка со Интерпол и Европол.

Полицијата во Елбасан откри и лабораторија за дрога, најголема на Балканот. Смесетан била во поранешена армиска касарна, која наводно се користела како штала за добиток.

Иако семејството Хоџа апсењето на Ермал (40) го нарече намерен чин да се дискредитира фамилијата Хоџа, истрагата потврдила дека тој бил клучна личност во „бизнисот“ и оти токму тој ги довел Колумбијците кои биле задолжени за преработка на кокаинот.

Дрогата ја шверцувале од Куба преку Турција, Бугарија, Грција, а дел транзитирала и преку Македонија, по што го продолжувала патот за Германија, Холандија, Италија, Австрија и други западноевропски земји.

Дел од дрогата бил наменет и за албанскиот нарко пазар. Хоџа беше уапсен во Драч, а при претрес на неговиот дом во Тирана пронајдени и запленети се 300 илјади евра.

Според албанскиот кривичен законик може да добие затворска казна во траење од 15 години.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент