За официјална Тирана изборите во источна Украина незаконски

Од:

Официјална Тирана оценува дека „изборите одржани вчера во самопрогласената Народна Република Доњецк и Луганс се незаконски“.

Во соопштение за јавноста на албанското Mинистерство за надворешни работи, уште се додава дека изборите биле во спротивност со Уставот на Украина, националните закони и меѓународните норми.

– Тие се закана за суверенитетот и територијаниот интегритет на Украина и се во спротивност со договорот од Минск, од петти септември 2014 година, придонесувајќи на тој начин за ескалација на конфликтот во источниот дел на Украина, – стои во соопштението.

Албанското Mинистерство за надвoрeшени работи смета дека секое решение за ситуацијата во Украина треба да се заснова на почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент