За две години над 170 сегашни и поранешни албански функционери одбиени за амерканска виза

Од:

Од јануари 2017 до јануари годинавa, на повеќе од 170 актуелни и поранешни албански функцонери, осомничени за корупција, и на членови на нивните семејства не им билe издадени виза од Амбасадата на САД.

Американската амбасада за тиранскиот весник „Панорама”, ги негира тврдењата дека ги поништила визите на сите јавни службеници и побарала повторно да аплицираат, но потврди дека на неколкумина од нив им биле поништени веќе издадените визи.

Во писмениот одговор на Амбасадата се наведува дека таа продолжува да ги применува своите широки овластувања да не издава или да поништи визи врз основа на информации дека некој поединец не е добредојден во САД и ќе продолжи да го користи ова право, со цел да придонесе за унапредување на напорите во борбата против корупцијата во Албанија.

Амбасадата, исто така, наведува дека сомнежите за корупција ги сфаќа сериозно и дека ќе продолжи со дополнителна контрола да се разгледуваат веќе издадените визи и барањата за визи на јавните службеници.

„Ставот на Американската амбасада против корупцијата и нејзината намера да не им дозволи влез во САД на актуелни и поранешни корумпирани албански функцонери останува непроменет“, стои во одговорот.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он