За албанските социјалисти потпишаниот меморандум за „Коридорот 8“ е значаен за развојот на Западен Балкан

Од:

Албанските владејачки социјалисти го поздравија поптишувањето на меморандумот за „Коридорот 8“ од страна на Албанија, Бугарија и Северна Македонија.

Ставот на партијата на Фејсбук го изкажа Таулант Бала, висок партиски функционер и координатор на пратеничката група во албанскиот Парламент, за кого „потпишувањето на меморандумот е важен чекор за соработката меѓу трите земји, за еден од најзначајните проекти за развојот на Западен Балкан“.

„Го поздравуваме потпишувањето на трипартитниот меморандум меѓу Албанија, Бугарија и Северна Македонија во врска со „Коридорот 8“. Важен чекор за соработка меѓу трите земји, за еден од најзначајните проекти за развој на Западен Балкан. Од Драч-Рогожина-Пеќин-Елбасан-Либражд-Прењас,овој коридор е и останува многу важен за Албанија“, напиша Бала.

Како што наведуваат албанските медиуми во определбата на земјата за поголема соработка на земјите во регионот, владата деновиве усвоила спогодба за слободна трговија со Србија и Северна Македонија, која веќе е објавена во службен весник.

Тоа е првиот одобрен договор за слободна трговија со двете земји што е дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е во интерес на слободното движење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рама пречекан со тапани на пуштањето во употреба на „Патот на Арбр“ кој ги поврзува албанска Пешкопеја со Дебар

А1он

Заедничката седница на владите на Албанија и Косово

Албанија го ратификува договорот со Македонија за заеднички контроли на граничните премини

А1он

Албанија се задолжи со 650 милиони евра преку еврообврзница

А1он

Албанија годинава со рекорден историски увоз на електрична енергија од 213 милиони евра

А1он

Земјотресот во Албанија почувствуван во западните делови од државава

А1он