За 15 дена 6.000 физички и правни лица ги повлекле депозити од кипарските банки

Од:

Централната банка на Кипар денеска пред парламентарната комисија достави список со имиња на 6.000 физички и правни лица кои повлекле депозити во висина од десетици милиони евра.

Повлечените пари биле испратени во странство. Повлекувањето на депозитите се случило од први до 15 март.

Претседателот на Комисијата Димитрис Силурис изјави дека имало случаи при што едно лице подигало пари од три до четирипати. Тој наведе дека е разочаран бидејќи извештајот се однесува само за 15 дена иако бил побаран извештај за една година.

Прашењето ќе се разгледува на средбата в четврток меѓу лидерите на политичките партии со претседателот на Парламентот, на која ќе се побара објаснување од раководството на Централната банка на Кипар.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар