Вулин: Жал ми е што Милош Вучевиќ поднесе оставка, но ја почитувам неговата одлука како чин на чесен човек

Од:

„Милош Вучевиќ ја водеше Владата на Србија со чест и посветеност. Странците не му ја поставуваа владината агенда, ниту влијаеа на неговите одлуки, а Србите имаа премиер кој знаеше што е Република Српска и дека нема економски успех без слободата на Србија“, рече денеска потпретседателот на српската Влада – Александар Вулин.

Тој истакна дека Вучевиќ ја водел Владата во тешки времиња на кои не можел да влијае.

„Во тоа не му помогнаа многу неговите министри. Жал ми е што поднесе оставка, но ја почитувам неговата одлука како чесен човек, верувам дека тоа не е неговиот последен збор во политиката и се надевам дека ќе продолжиме да се бориме за слободна Србија“ порача Вулин.

Милош Вучевиќ поднесе оставка од премиерската функција на Србија, а Владата сега е во технички мандат.

Ако се суди според Уставот на Србија и Законот за Влада и претседател, сега во оптек се две можности.

Доколку Националното собрание не избере нова влада во рок од 30 дена, претседателот на Републиката е должен да го распушти Народното собрание и да распише избори.

Би можело да ве интересира

Вулин: Третата светска војна почна, прашање е само дали ќе ескалира до употреба на нуклеарно оружје

А1он

Вулин поднесе оставка од местото директор на БИА: „САД и ЕУ ја бараат мојата глава“

Катерина Ѓуровски

САД воведе санкции за Вулин, помагал во трговија со дрога и ја поддржувал Русија

Вулин: Србија не припаѓа во ЕУ, пријателството со Русија е од најголемо значење

Катерина Ѓуровски

Вулин во Москва со Лавров: Србија единствена во Европа која не е дел од антируска хистерија

Вулин тврди дека добиле информации за криминална група што сака да го убие Вучиќ

А1он