САД воведе санкции за Вулин, помагал во трговија со дрога и ја поддржувал Русија

Од:

Директорот на српската разузнавачка агенција БИА, Александар Вулин, се најде под американски санкции. Имено, САД го обвинуваат за вмешаност во организиран криминал и трговија со наркотици, дека злоупотребувајќи ја својата јавна функција му помогнал на трговецот со оружје Слободан Тешиќ за неговите илегални пратки оружје да можат слободно да се движат низ границите на Србија и дека на Русија и обезбедил „платформа за натамошно, малигно влијание во регионот“.

Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД објави дека воведе санкции за лице од Србија во согласност со Извршниот налог (ЕО) 14033. Според соопштението, Александар Вулин е вклучен во транснационален организиран криминал, илегални операции со наркотици и злоупотреба на јавна функција. Се додава дека Вулин одржувал „взаемно корисни односи со српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ“.

Вулин, наводно, ги користел своите позиции за лична корист и ги користел своите јавни позиции за да ја поддржи Русија, олеснувајќи ги злонамерните активности на Русија кои ја деградираат безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и обезбедувајќи и на Русија платформа за дополнително влијание на регионот. Вулин сега е директор на БИА, а претходно беше министер за одбрана и министер за внатрешни работи.

„Денешната одлука го посочува Александар Вулин одговорен за неговите коруптивни и дестабилизирачки дејствија кои исто така ги овозможија злонамерните активности на Русија во регионот“, изјави Брајан Е. Нелсон од Министерството за финансии, а пренесува N1.rs.

Како дел од санкциите, средствата што може да ги има Вулин во САД се замрзнати, ана банките кои работат во САД им е забрането да вршат трансакции поврзани со Вулин.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија