Вулин: Србија не ја признава косовската „моноетничка“ приватизација

Од:

Директорот на српската владина канцеларија за Косово Александар Вулин денеска изјави дека Србија не ја признава приватизацијата, извршена во Косово, затоа што е „моноетничка“ и даде проценка дека првата следна спогодба со Приштина ќе биде околу имотот и културното наследство на Србите во Косово, пренесе Танјуг.

Вулин, кој учествува на средбата посветена на предложените мерки за заштита на српскиот имот во Косово, изјави дека почнало собирањето податоци за тоа „колку имаме во Косово, што е однесено и кога е продадено“, подвлекувајќи дека српската држава не ја признава косовската приватизација.

Според него, време е Србија да ги собере сите податоци и да дознае што е нејзино и откако ќе ги собере податоците, да биде подготвена да излезе со своја позиција и со конкретни предлози и барања.

– Нема и не треба да се откажуваме од ниту еден динар, од ниту една фабрика, изјави Вулин.

Разговорите за имотот ќе се водат во Брисел. Треба да се види колку инвестирала Србија во Косово до 1999 година, рече уште Вулин, напоменувајќи дека Белград инвестирал стотици милиони долари во Косово и по овој период.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија