Вулин: Приштина смета дека кршењето на договорот е дозволено

Од:

Српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин, по повод одлуката на косовскиот Уставен суд да го суспендира договорот за формирање Заедница на српски општини, изјави дека тоа ќе биде тест за ЕУ, како и дека „Приштина своите порази секогаш ги лекува со напад врз Србите и  верува дека секое кршење на договорот е дозволено“.

– Приштина се надева дека земјите кои го признаа Косово ќе вршат притисок врз Србија да се откаже од најважните делови на Бриселскиот договор како би ја олесниле позицијата на владата на Иса Мустафа, изјави Вулин за Танјуг.

– Жално, но вистинито е дека политичарите во Приштина сметаат дека добра политичка позиција за Албанците е само онаа која им штети на Србите, посочи Вулин. Тој додаде дека Приштина пред Западот ќе се прикаже како жртва на политиката на Бриселскиот договор и ќе бара помош така што ќе и се простува прекршувањето и неизвршувањето на договорот.

– За Србите , ЗСО е најважниот дел од договорот и тука промени не се можни. Ова е тест за ЕУ како покровител на разговорите меѓу Белград и Приштина. Ако Приштина не го почитува договорот постигнат под покровителство на ЕУ, се поставува прашањето каква е тогаш силата на ЕУ и меѓународната заедница во Косово воопшто. Од одговорот на ова прашање зависи иднината на Бриселскиот дијалог, истакна Вулин.

Би можело да ве интересира

Чувари и доктор од затвор во Србија се уапсени за смрт на затвореник

Горан Наумовски

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената