Вулин: Мигрантите нема да можат да излезат од Унгарија

Од:

Мигрантите кои нема да успеат да ја преминат унгарската граница и да останат на ничија земја, ќе можат да се вратат во Србија и да престојуваат во прифатните центри, додека оние кои ќе преминат во Унгарија, нема да бидат прифатени во Србија, изјави српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин.

Вулин појасни дека оние имигранти кои ќе преминат во Унгарија и ќе бидат евидентирани во земјата, а потоа на сила вратени во Србија, нема да бидат прифатени, јави Танјуг.

– Ние никого на сила нема да задржуваме на наша територија и со самото тоа нема да дозволиме на ниту една земја на сила и без соодветна законска процедура и реадмисија било кого да врати на наша територија, рече Вулин.

Запрашан што ќе биде со тие мигранти, Вулин рече дека тоа повеќе нема да биде одговорност на Србија.

Во Унгарија од полноќ ќе стапи во сила пакет амандмани со кои се заостуваат законите за заштита на границите и миграцијата, усвоен во Парламентот на 4 септември.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада