Вујановиќ: Русија нема да се противи на влезот на Црна Гора во НАТО

Од:

Црногорскиот претседател Филип Вујновиќ очекува неговата земја до крајот на годината да добие покана за членство во НАТО и верува дека Русија нема да противи, туку дека ќе го разбере сувереното право на Црна Гора да си го определи своето членство во Алијансата, пренесе Танјуг.

Шефот на државата за Телевизија Црна Гора потврди дека на одлуката тој да не оди во Москва, на прославата на 70-годишнината од победата над фашизмот, не влијаел никој од Европската унија или западните центри на моќ, туку дека тоа е целосно „домашна одлука“ на која не очекува негативна реакција од Русија.

Координативиниот одбор за одбележување на јубилејот донесе одлука според која претседателот на државата ќе зборува на одбележувањето на победата над фашизмот во Подгорица, а Вујановиќ нагласува дека на 9 мај треба да биде во државата и да  го искаже почитувањето кон антифашизмот на Црна Гора, како и дека на тоа не може да му се подреди ништо, па дури ни учеството на воената парада во Москва.

Се смета дека должност на претседателот е да биде на одбележувањето на еден така голем настан и се додава дека не може да се замисли некој во Црна Гора да смета дека тој треба да биде во Москва, а не во Подгорица.

Вујановиќ истакнува и дека на Координативниот одбор ја имал апсолутната поддршка од претседателот на Собранито,  Ранко Кривокапиќ, и премиерот Мило Ѓукановиќ.

Одлуката Вујановиќ да не ја прифати поканата на Русија и да не присуствува на 9 мај во Москва на воената парада предизвика бурни реакции и остро ја подели политичката сцена и лаичката јавност во Црна Гора.

Прашањето е дали тоа, како што мислат поединци, е недозволив гест на омаловажување на сопствената држава, но и улогата на Советскиот Сојуз во кршењето на фашизмот во Втората светска војна, или е всушност зборт за стратешки важен, прагматичен потег што ќе ја поттурне Црна Гора во евроатлантските интеграции и ќе го забрза нејзиниот прием во НАТО.

Рускиот амбасадор во Црна Гора, Андреј Нестеренко, претходно изјави дека Вујановиќ на поканата на рускиот претседател Владимир Путин прво потврдил дека ќе дојде на прославата во Москва, а дека по состанокот на Координативниот одбор за одбележување на јубилејот, била донесена поинаква одлука со која, се  вели, „многу е изненаден“.

Нестеренко истакна дека не знае за пример во праксата на меѓународните односи шефот на државата да донесе одлука која се става на негов официјален формулар, а потоа таа одлука ја преиспитува група функционери, додавајќи дека се поставува прашањето како може на такви принципи да се градат билатерални односи на највисоко ниво.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство