Вучиќ за Бадник со Србите во Црна Гора

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ како што се наведува, со благослов на патријархот Иринеј, Бадник ќе го прослави со Србите и православните верници на северот на Црна Гора, наведуваат српските медиуми.

Според „Блиц“ српскиот претседател ќе присуствува на Бадник и со тоа „уште еднаш ќе укаже на единството на српскиот народ и зачувувањето на српските светилишта и српската црква“.

– Ако навистина оди, не се очекува политичлки говор, но се очекува присуство на огромен број Срби од Црна Гора, наведува Блиц.

Андрија Мандиќ, еден од лидерите на Демократскиот фронт, вели дека нема информација за доаѓање на Вучиќ во Црна Гора.

– Ако е тоа точно, тоа би бил голем ден за Србите во Црна Гора и сигурно за севкупното српско единство. Тоа би била силна и моќна порака за нас Србите да останеме овде, порака за црквата и големо охрабрување за нас Србите, вели тој.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес во близина на Врњачка Бања