Вучиќ: Вчера за малку ќе заплачев кога го видов единството на нашите војници

Од:

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека е многу горд на припадниците на неговата армија.

„Што се однесува до седницата на Советот за национална безбедност, морам да кажам дека сум горд на припадниците на нашата армија. Ова е најсериозната ситуација досега. Надополнувањето со храна, муниција, никогаш не било подобро. Вчера за малку ќе заплачев, бев пресреќен кога видов такво единство и желба за извршување на секоја задача што им ја поставува државниот врв“, рече Вучиќ.

Тој додаде и дека семејството и пријателите се уште не знаат каде е уапсениот поранешен припадник на полицијата Дејан Пантиќ.

„Ден пред апсењето Курти изјави дека барањата за формирање на ЗСО се детски. Бербок германската министерка за надворешни работи рече дека некој ги спуштил тензиите со одложување на изборите, замислете лицемерие. Таа вечер упаднавте со специјалци и сакавте да ги окупирате општинските изборни комисии. Знаевте дека нема да има избори, но сакавте насилно да ги нападнете Србите.Така ја уништија Република Српска затоа што им одговара нив“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ во ОН: Вистината не е еднострана, резолуцијата ќе стави белег на челата на жртвите

Горан Наумовски

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите во Јасеновац

Горан Наумовски

Вучиќ објави пост за Фицо, па уследија закани по неговиот живот

Горан Наумовски

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

300 милиони луѓе го гледаа интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

Горан Наумовски