Вучиќ: Украина е пријател на Србија, не ја призна независноста на Косово

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Украина е пријател на Србија и дека што е најважно, не ја признала независноста на Косово.

Во изјавата за новинарите во Тирана, каде што учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа, Вучиќ рече дека Србија се придржува до парламентарните декларации и позициите на Советот за национална безбедност и дека на Украина денес не и е лесно.

„Не заборавајте зошто е важно, освен што тоа се наши словенски пријатели, треба да имате на ум дека Украина никаде не го признала Косово. Јас во мојата презентација реков дека Украина е една од ретките земји што може да разговара за територијалниот интегритет, затоа што таа не погазила туѓ територијален интегритет, како повеќето други, а денес им се полни устите со тоа“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека дури и претседателот на таканареченото Косово, Вjоса Османи, пред камерите на Ројтерс изјави дека се залага за зачувување на територијалниот интегритет.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски