Вучиќ: Србија ќе дозволи контролиран извоз на пченица во регионот

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија во најкраток можен рок ќе дозволи извоз на договорената пченица во Албанија и дека така ќе биде со секоја земја и во рамките на Отворен Балкан и во регионот, бидејќи Србија има доволно, јави допсиникот на МИА од Белград.

Одговарајќи на новинарско прашања во Врање, Вучиќ кажа дека пченицата, маслото, брашното, а особено пченката се повеќе се барани во регионот и во светот.

Тој објасни дека Србија има некои стари, но и некои нови договори за извоз на дури 350.000 тони пченица, но побарал од Владата на Србија да го прекине тој извоз, бидејќи 800.000 тони ќе исчезнеле од стоковите резерви, што исто така не би било значаен проблем, но тие треба да се зачуваат за граѓаните од регионот.

-Првите официјални барања што ги добивме беа во согласност со тие договори потпишани со Албанија. За тоа зборуваме сега и што поскоро ќе дозволиме извоз на пченица во Албанија. Тоа е решено за кратко време, изјави Вучиќ и посочи дека истото ќе важи и за која било земја во регионот, бидејќи Србија нема проблем со тоа.

-Тоа е домаќинско однесување. Луѓето во регионот, ниту во рамките на Отворен Балкан, ниту во БиХ или Црна Гора, нема да имаат проблеми, изјави Вучиќ.

Тој истакна дека кога се вели дека селаните нешто бараат, тоа всушност го бараат трговците.

-Тоа го бараат трговците. Да ги набројам Александар Костиќ, способен тип, еден Молдавец и три други фирми. Тие се разумни, најголемите трговци се согласија – ја добивте цената, ова е ваше одобрено за извоз, а тоа што сакаме да го задржиме ќе го купиме по пазарна цена…, кажа Вучиќ и додаде дека ќе се овозможи контролиран извоз, за да не се загрозат потребите на домашното население, повторувајќи дека кога вели домашен, секогаш мисли и за 20 отсто повеќе од реалните потреби, бидејќи секогаш треба да се има малку повеќе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада

А1он

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Државата секогаш сака да разговара, а ректорот не – ако не сте работеле, не можете да добиете плата

А1он

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ