Вучиќ подготвен до 17 септември да оди во Јасеновац, Хрватска сепак ќе дозволи да ја посети

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска изјави дека Србија во својата нота до Хрватска, ја најавила подготвеноста на претседателот на Србија и неговиот интерес да направи официјална посета на Јасеновац до 17 септември, а Хрватска сепак ќе дозволи Вучиќ да дојде во Јасеновац под услов овој настан да се договори преку дипломатски канали, јави дописникот на МИА од Белград.

Селаковиќ посочи дека во нотата испратена од Хрватска до Србија се наведува дека посетата на Меморијалниот комплекс Јасеновац не може да биде од приватен карактер и рече дека во својата нота до Хрватска, Србија ја објавила подготвеноста на претседателот на Србија и неговиот интерес да направи официјална посета на Јасеновац до 17 септември.

-Сега, бидејќи тие ни замерија на нашата процедура и се обидуваат да ни замерат на нашата искреност, еве уредно јавивме дека претседателот сака да дојде и дека оваа посета ќе биде придружена со сè она што треба да биде официјална службена посета на еден претседател на држава кога доаѓа во Хрватска, односно во меморијалниот дел на Јасеновац, рече Селаковиќ и додаде дека се чека одговор.

Хрватската влада сепак ќе му дозволи на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети Јасеновац, потврди извор близок до хрватската влада во интервју за Јутарњи лист.

-Хрватска ќе го дозволи доаѓањето на претседателот Александар Вучиќ во Јасеновац, но ова е настан кој треба да се договори преку дипломатски канали и тоа многу темелно. Тоа не беше така, бидејќи Вучиќ само го извести Милорад Пуповац дека сака од Градина во БиХ, да оди во Пакрац и Јасеновац, а тоа не се прави на таков начин. Немаме ништо против неговото доаѓање, но, повторувам, треба да се договориме како тоа ќе изгледа. Сепак, тоа сигурно нема да се случи пред есента, потврди извор близок до хрватската влада во разговор за Јутарњи лист.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност