Вучиќ: Ќе барам поддршка од Путин, верувам дека ќе ја добијам

Од:

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, допатува во Москва, каде што утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

„Дојдов да барам поддршка за Србија, верувам дека ќе ја добијам од претседателот Путин, како што и ја имавме во претходниот период“, рекол Вучиќ.

Вучиќ им рекол на новинарите во Москва дека со Путин ќе разговараат за ситуацијата во Европа и светот, но и за Косово.

Рекол дека е општо познато дека тој не е некој што им припаѓа на филозофските кругови и кој би држел широки теоретски расправи во Москва, како и дека дошол да бара конкретна политичка поддршка за Србија.

„Верувам дека од Путин ќе добиеме поддршка, како што секогаш сме имале од Русија во претходниот период. Денеска се поинакви околностите и условите. Има повеќе тензии и важно е за сето тоа да разговараме. За сите одделни случувања што се случија и што може да се случи во иднина. Путин не е човек што сака да зборува одоколу,како дождот околу Крагуевац. Кога и да сме разговарале, тоа секогаш многу конкретно“, укажал Вучиќ.

Тој најави дека првин ќе има разговор во четири очи со Путин, а потоа ќе продолжат со делегациите за време на ручекот. Како што нагласи, средбата со Путин е еден од најзначајните моменти во последните години.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец