Вучиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани: Србија е секогаш со своите пријатели, подготвена да помогне

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство за смртта на голем број луѓе во дискотека во Кочани.

Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Северна Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти.

Нашите мисли се со сите кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш со своите пријатели подготвена во согласност со своите можности, да пружи секаква потребна помош, објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Пријателот на Путин за Вучиќ: Му дојде политичкиот крај, готов е!

А1он

Вучиќ се јави од Шпанија: Не избегав

А1он

Загина мотоциклист на патот Делчево – Штип

А1он

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Тројца пациенти повредени во „Пулс“ сè уште се лекуваат во странство

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија не може да се победи со насилство

Горан Наумовски