Загина мотоциклист на патот Делчево – Штип

Од:

Жител на кочанско Оризари, 72-годишник, загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Делчево – Штип.

Според информациите на МВР, вчера во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с. Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас. Оризари, кочанско.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот на мопедот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Би можело да ве интересира

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“