Вучиќ и Вучевиќ ќе добијат кривична пријава за лажно пријавување и попречување на правдата

Од:

По кривичната пријава, која денеска ја поднесе градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на Српска напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, со цел да се открие вистината за аферата со која изминатите денови се поврзуваа шефот на државата Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј околу плантажата за марихуана на фармата „Јовањица“, Вучиќ и Вучевиќ од опозицијата ќе добијат кривична пријава за лажно пријавување и попречување на правдата.

Потпретседателот на Народната партија (НС) и пратеник во собранието, Мирослав Алексиќ, кој со денови ја обвинува власта за поврзност во аферата, преку соопштение изјави дека тој решил да поднесе кривична пријава против Вучиќ и Вучевиќ затоа што тие ја одбиле неговата понуда да им помогне во составувањето на кривична пријава, така што тој би ги навел сите докази за случајот „Јовањица“, како и поради тоа што обвинителството со недели не одговара на повикот на Алексиќ да ги објави одговорите на сите прашања што тој ги поставил за аферата.

– Очевидно, фарсата на поднесување кривична пријава на Вучевиќ против Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј, односно режимот против самиот себе, служи само за да ја опструира правдата и за медиумска манипулација и за залудување на граѓаните. Ова е најсилниот удар досега врз правосудството, кој СНС режимот потполно го има понижено, оцени Алексиќ.

При поднесувањето на кривичната пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј Вучиќ за случајот „Јовањица“, Вучевиќ пред новинарите изјави дека го сторил тоа како граѓанин, дека не ја навел квалификацијата на кривичното дело, како и дека пријавата ги содржи хронолошки сите изјави и наводи на одделни политичари во медиумите и на социјалните мрежи.

Вучевиќ објасни дека ова се информации кои што ја вознемирија јавноста и не можат да остават никого рамнодушен, а српските граѓани треба да ја дознаат вистината.

Од друга страна, Алексиќ изјави дека „очекува Вучевиќ веднаш да биде уапсен, исто како што беше уапсен вчера и лажниот клиент на Мегатренд универзитетот, Дејан Ѓорѓевиќ, кој лажно пријави дека бил нападнат од непознати лица и бил ограбен“.

Деновиве во Србија власта и опозицијата се обвинуваат за повеќе афери и скандали, од аферата „Јовањица“, преку фабриката за оружје Крушик и поврзаност со таткото на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, продажбата на Мегатренд, лажниот докторат на министерот за финасии Синиша Мали, шпионската афера и друго.

Би можело да ве интересира

Kонститутивната седница на српскиот Парламент

Ана Ололовска

Мустафа: Конечен договор меѓу Косово и Србија не може да има без Вашингтон на маса

А1он

Опозиската ДЈБ вечерва повикува на протест пред српското Собрание, а утре на блокада на конститутивната седница

А1он

Во Србија 330 новозаразени од Ковид-19, починале 9 лица

А1он

Вучиќ: Наскоро преговори за изградба и на пругата Ниш – Прешево

А1он

В понеделник конститутивната седница на српскиот Парламент

А1он