Вучиќ: Хронично сум болен, новинарите немаат врска со тоа

Од:

Претседателот на Србија на прес-конференција одговори на коментарите дека новинарот на „Н1“ е виновен за неговото ненадејно заминување во ВМА.

Запрашан од новинарот на „Н1 ТВ“, да ги прокоментира наводите дека новинарот од телевизијата Миодраг Совиљ е „виновен“ што во петокот попладне беше примен во болница и дале е правилно да се обвинат новинарите, Вучиќ одговори: „Вашиот новинар нема никаква врска со мојата здравствена состојба“.

„Јас сум хронично болен човек“, додаде Вучиќ.

Тој објасни и дека на конференцијата е под целодневна терапија и дека тоа не е никаква тајна.

„Нема поголема можност за мене, отколку кога ќе излезете со невистини, да ми дадете простор да укажам на тоа колку немате аргумент. Суштината на успехот кој го имав до сега е во тоа што никогаш не бегав, не се криев ниту ги туркав проблемите под тепих, и бидејќи се борев и одговарав, благодарение на вистината и аргументацијата на напорната работа и секогаш победував без проблеми“, кажа Вучиќ.

Според неговите зборови, секогаш така ги победувал противниците.

„Секогаш бев и ќе бидам подготвен и нека не се радуваат, ќе ги победам сите заедно, со аргументи, затоа што повеќето не се грижат за прашањата, туку за маркетингот“, заклучи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски