Вучиќ: Денес е тежок ден за Србија, за секој нормален граѓанин на оваа земја

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за сите актуелни теми на ТВ Пинк.

Коментирајќи ги денешните настани во српското Собрание, претседателот рече дека денеска е тежок ден за Србија, за секој нормален граѓанин.

– Бевме сведоци на нешто на што не сме сведоци од воспоставувањето на повеќепартискиот систем – рече Вучиќ.

Како што вели, се работи за малтретирање, хулиганско однесување.

– Најважно е дека повредените пратеници се добро. Една пратеничка дури доживеа и мозочен удар и е на интензивна нега. Таа ми е пријателка 25 години, изјави Вучиќ.

Како што вели, се надева дека ќе биде добро. Тој додава дека на пратеничката Соња Илиќ, која е во осмиот месец од бременоста е добро, а и на бебето.

– Таа успеа да остане бремена при нејзиниот трет обид за ин витро оплодување. И таа треба да роди син за еден месец. Веќе му дадоа име и со нетрпение го чекаат, ќе се вика Гаврило и сакаат да го крстат во Дечани. Денеска го видов нејзиниот сопруг во некои медиуми и тоа некако ме скрши, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Граѓаните дека сите можат да бидат мирни, државата си ја врши работата одговорно

Вучиќ: Успеавме да ја одбраниме Србија, од нас зависи дали ќе им подадеме рака на противниците

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски