Вучиќ: Албанците не сакаат дијалог, Србија одлучно ќе одговори

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека косовските Албанци со усвоената Палатформа, покажале дека никогаш не сакале дијалог и дека ни во иднина нема да го сакаат, а одговорот на Србија ќе биде одлучувачки, сериозен и цврст.

– Ние ќе ја зачуваме Србија и српските интереси и не се уплашивме од нивните закани, ниту пак од нивните помагачи, изјави Вучиќ во Белегиш, каде што денеска ја одржува неговата кампања „Иднината на Србија“ во Сремскиот регион.

Вучиќ изјавата ја даде по денешната седница на Советот за национална безбедност и средбата со третиот човек на американскиот Стејт департмент, Дејвид Хејл, кој ја повика Приштина да ги укине таксите и двете страни да се воздржат од взаемни провокации.

– По нивната платформа, покажаа дека никогаш не сакаа дијалог, можам да кажам дека ќе го сочуваме и верувам ќе го зачуваме мирот. Не се плашиме од нивните закани и закани од нивните партнери од разни страни. Нашиот одговор ќе биде цврст, сериозен и решителен. Ќе ги зачуваме Србија и српските национални интереси. Доста се боревме и гледавме како да не повредиме некого, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека во Платформата за продолжување на дијалогот, Приштина на две места се повикува на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во 2010 година, според која еднострано прогласената независност на Косово не е спротивна на меѓународното право.

Вучиќ оцени дека за ова се одговорни лидерите во 2009 и 2010 година, Јеремиќ, Тадиќ, Ѓилас, сите оние кои побараа МСП да се изјасни за ова прашање. Двапати Албанците тоа го споменуваат и ова е нивниот единствен аргумент против територијалниот интегритет на Србија.

Тој порача дека „сака мир, компромис, но нема да прифати закани и притисоци кои значат напуштање на нашите национални интереси, затоа што тоа некој го сака во светот“.

 

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“