Вучиќ: Ако нема состанок во Париз состојбата ќе биде уште потешка

Од:

Со наближувањето на најавениот состанок за Косово во Париз на 1 јули, на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, српките власти, покрај секојдневните изјави за тоа дали овој состанок ќе се одржи или не, ја интензивираа и дипломатската активност.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека „ во случајот да не дојде до состанокот во Париз“, целиот регион ќе се најде во тешка ситуација.

-Ако биде Париз ќе бидеме во тешка ситуација, ако не го биде ќе бидиме во уште потешка состојба, ќе бидеме-народски кажано в кал, и ние и целиот регион. Имаме конструктивен пристап за дијалогот, но за танго и за дијалог секогаш се потребни двајца, порача Вучиќ.

Тој додаде дека Србија и понатаму се бори да направи сé што може и оти многу работи ќе се покажат на состанокот во Париз, ако тој се одржи.

– Ќе се обидам во наредните денови да разговарам со претставници на американските институции, ќе испратам писмена покана до Трамп и ќе се обидам да контактирам со некои од неговите соработници, рече Вучиќ, додавајќи оти не бил изненаден од изјавата на Метју Палмер дека „Америка е со Косово“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски