Втора жртва на вчерашните протести во Истанбул

Од:

 Уште едно, второ, лице почина од повредите здобиени за време на бурните протести во Истанбул, што почнаа вчера предпладне и траеја во текот на цела ноќ, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк,

Како што соопшти истанбулскиот градоначалник Авни Мутлу, новата жртва е лице кое синоќа било тешко рането во истанбулскиот кварт Окмејдан.

Пред тоа од залутан куршум за време на демонстрациите во истиот кварт беше убиен 30-годишен маж, кој не бил учесник во настаните, туку присуствувал на погребна церемонија во близината.

Полицијата вчера употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлале со молотови коктели и камења кон полицијаците.

Судирите почнале кога група од 10 до 15 млади луѓе се собрале во населбата Окмејдан во центарот на Истанбул и почнале да извикуваат пароли за поддршка на еден млад човек повреден при претходните протести во градот, организирани поради минатонеделната несреќа во рудникот во Сома, при која загинаа 301 лице.

На интернет уште синоќа се појавија снимка од протестите на која се гледа како полицијата со водени топови ги растерува демонстраните, како и еден полицаец кој пука во воздух.

Синоќешните протести се одржаа на годишнината од почетокот на демонстрациите против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, кои прераснаа во неколкунеделни антивладини протести.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски