Втор круг претседателски избори во Хрватска

Од:

Хрватите денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори, на кој треба да се решат меѓу актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ од конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ).

Изборите се одржуваат во услови на зголемено незадоволство на граѓаните од економската криза во земјата, што трае веќе шест години.

На првиот круг одржан на 28 декември, 57-годишниот социјалдемократ Јосиповиќ доби 38,46 отсто од гласовите, а поранешната шефица на хрватската дипломатија Грабар Китаровиќ – 37,22 проценти.

Овој резултат претставуваше удар за Јосиповиќ, кој е кандидат на владејачката лева коалиција и кој според анкетите беше фаворит за победа уште во првиот круг. Избирачите во Хрватска, според аналитичарите, „го казнија“ Јосиповиќ во првиот круг поради неспособноста на Владата да ја заздарви економијата.

– Ние бевме товар за него и ќе бидеме товар и во вториот круг. Тој ќе треба да живее со тоа, истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Хрватска е во речиси континуирана рецесија од 2008 година, државниот долг изнесува околу 80 отсто од БДП на земјата, а стапката на невработенот достигна 20 проценти, при што секој втор млад човек е невработен.

Аналитичарите велат дека разулататите од денешното гласање се крајно неизвесни, а не е објавено ниту едно социолошко истражување, со кое би се добил увид за расположението на гласачите.

Хрватскиот Устав му дава на претседателот ограничени овластувања. Тој е врховен командант на вооружените сили и заедно со Владата е задолжен за надворешната политика.

За време на предизборната кампања двајцата кандидати ветија дека ќе се залагаат за заздравување на економијата, иако тие овластувања не се во рацете на претседателот.

Јосиповиќ беше избран за претседател во 2010 година, кога вети дека ќе работи на искоренување на корупцијата во земјата. Тој сега предлага уставни измени и децентрализација на земјата. – Предлагам силни региони, кои ќе бидат двигател за економското обновување, изјави тој.

Грабар Китаровиќ, пак, во резултатите од првиот круг гледа „желба за промени“ кај граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски