Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума

Од:

Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна вчера, во попладневните часови.

Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, се уште гори во близина на населени куќи, соопшти Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

Горат 50 хектари борова шума, а според локалните српски медиуми од пожарот е зафатена боровата шума кај селото Црнотинце и сува трева и ниска вегетација на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце.

Пожарникарите од Прешево на терен не можат да го изгаснат пожарот, се чека хеликоптер да го изгасне пожарот од воздух.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски