Вонредна седница на турската Влада и воениот врв за ПКК и Сирија

Од:

Турската Влада и военото раководство на земјата денеска ќе одржат вонредно заседание за да ја разгледаат одлуката на Курдската работничка партија (ПКК) за запирање на повлекувањето на нејзините борци од турска територија, како и за најновиот развој на настаните околу можната воена операција на САД во Сирија, јавија турските медиуми.

На седницата, што ќе се одржи попладнево под претседателството на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, ќе учествуваат и началникот на Генералштабот на турската армија генерал Неџдет Јозел, шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу, министерот за внатрешни работи и за одбрана, Муамер Ѓулер и Исмет Јилмаз и шефот на разузнавачката служба МИТ, Хакан Фидан.

Според „Хуриет дејли њуз“, главни теми се очекува да бидат вчера објавената одлука на ПКК да го запре повлекувањето на своите борци од Турција кон северен Ирак, како и некои „изненадувачки дипломатски потези за избегнување на воен напад врз Сирија“.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски