ВИДЕО: Собранието на Србија избира нова Влада

Од:

Денес Собранието на Србија избира нова српска Влада.

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, ја пречека идната премиерка, Ана Брнабиќ, на влезот во Собранието нешто пред 10 часот, пренесуваат српските медиуми.

Брнабиќ денес треба да ги изложи своите ставови пред пратениците, а во текот на денот ќе се избере новата Влада на Србија, а министрите ќе дадат заклетва.

Изборот на новата српска влада е воедно и единствената точка на дневниот ред на денешната седница.

Како што објави спикерот, Ивица Дачиќ, на седницата присуствуваат 206 пратеници.

Идните министри Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, Никола Селаковиќ, Синиша Мали, како и други министри од редовите на „СНС“ веќе пристигнаа во законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски