Во воружена престрелка пред ноќен клуб во Тирана убиени четири лица

Од:

Четири лица загинаа, а двајца се тешко повредени во вооружената престрелка што се случила рано утрово пред ноќниот клуб „Анте Гранд“ во Тирана.

Меѓу убиените тројца се жители на Тирана и еден италијански државјанин.

Смртно застрелани се Арбр Демирај (19) син на поранешниот јавен обвинител Скендер Демирај, потоа  Едисон Јахо(36), Енеа Џаји (38) и Италијанецот Паоло Азоло (60).

Во пресметката учествувале најмалку осум лица, еден од осомничените за убиство е Констандин Џувани, син на албанската пратеничка Луиза Џувани.

Според полицијата инцидентот се случил во четири часот наутро, пред клубот по банална распаравија во просториите на еден од најфреквентните ноќни клуови во албанската метропола.

Полицијата привела дваесетина лица, очевидци на настанот, меѓу нив и пејачката во клубот.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент