Во вооружена престрелка во Валона убиени три лица

Од:

Жестока престрелка се случила вчера попладнето во албанскиот приморски град Валона во кој се убиени три, а едно лице е тешко повредено. Во инцидентот биле се пукало од калашњикови и пиштоли.

Инцидентот што ја вознемири не само Валона туку и целокупната албанска јавност се случил во населбата „Чоле“ кога од два автомобила во движење неколку лица пукале во еден угостителски објект. Од локалот возвратиле лица кои биле во него. Во жестоката престрелка убиени се две лица во локалот и едно лице во еден од автомобилите.

Населбата каде што се случила престрелката се смета за најпроблематичен во градот. За време на познатите пролетни немири во 1997 година населбата била една од базите на кримналните банди.

За само неколку часа по настанот полицијата уапси три лица, по едно се уште се трага а како доказ се одземени и двата автомобила марка „БМВ Х5“, како и калашњикови со кои било пукано од автомобилите и пиштоли кои ги употребиле лицата во ресторанот.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент