Во Турција приведени 18 лица за вчерашниот напад во Измир

Од:

 Турската полиција привела 18 лица во врска со вчерашниот напад со автомобил-бомба и огнено оружје, во кој во измир беа убиени две лица, а за кој Анкара нема сомнение дека е дело на борците на Курдската работничка партија (ПКК), изјави министерот за правда Бекир Боздаг, цитиран од британските медиуми.

Нападот со автомобил-бомба и пукањето пред судот во третиот по големина град во Турција, што се наоѓа на западниот егејски брег, дополнително го потенцира влошувањето на безбедноста во земјата откако вооружен маж во новогодишната ноќ уби 39 лица во ноќен клуб во Истанбул, забележуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ердоган го одобри влезот на Шведска во НАТО, предлогот оди во турскиот парламент

Инфлацијата во Турција се искачи на речиси 79 отсто

Светските власти остро реагираат на турскиот напад врз Сирија

Крвави избори во Турција

Доживотен затвор за Ахмет Алтан и уште пет новинари во Турција

Кристијан Ландов

Дали стои Фетулах Ѓулен зад убиството на Андреј Карлов?

Емир Латифовиќ