Во Турција пристигнаа 45 илјади сириски Курди

Од:

Турскиот заменик-премиер Нуман Куртулмус изјави денеска дека 45 илјади сириски Курди ја преминале границата и пристигнале во Турција во текот на вчерашниот ден, бегајќи од припадниците на терористичката групација „Исламска држава“, откако Анкара отвори повеќе гранични премини со Сирија.

– Околу 45 илјади сириски Курди ја преминаа границата на осум гранични премини во пограничното подрачје долго 30 километри од Акчакал до Муршитпинар, откако вчера ја отворивме границата, рече Куртулмус.

Турција вчера ги отвори границите за околу четири илјади лица, претежно Курди, кои бегаат од Сирија поради нападите на џихадистите.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја „ќе ги прими браќата, кои бегаат од Сирија без дискриминација на верска и етничка основа“.

Тој нагласи дека Турција се додека е силна и има капацитети, ќе му помогне на секој, кој бара засолниште.

Во Турција веќе се наоѓаат 850 илјади сириски бегалци.

Во меѓувреме Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека борците на ИД во текот на дводневните операции зазеле 60 курдски села во близина на турската граница.

– Во изминатите 48 часа зазедоа 60 села, од кои 40 вчера, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман и додаде дека курдските борци се поразени, бидејќи бројно се многу послаби.

Ова е најголем напредок на џихадистите кон градот Ајн ел Араб, на границата со Турција. Тие во борбите користеле тешко вооружување, вклучувајќи и тенкови.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски