Во Турција покренати обвиненија против 26 лица поради учество во протестите во паркот Гези

Од:

Обвинителството во Анкара изготви обвинителен акт против 26 лица под обвинение за „членство во вооружена терористичка организација“ во врска со учеството во протестите во паркот Гези во 2013 година, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Во обвинението е посочено дека многу државни службеници и цивилни лица биле ранети за време на протестите во Анкара поради насилството, предизвикано од демонстрантите, а исто така била нанесена материјална штета на продавници и автомобили.

Во текстот се вели дека во протестите имало директна вмешаност на терористички организации. Дваесет и шестте осомничени лица се обвинети за членство во девет различни терористички групации, меѓу кои Револуционерната партија и Фронт за народно ослободување.

Кон крајот на мај во Истанбул беа органзиирани протести против уривањето на паркот Гези. Протестите постепено прераснаа во антивладини демонстрации во цела Турција. Во демонстрациите, кои траеја неколку недели учествуваа околу два милиони лица. Во судирите загинаа неколку лица, а околу осум илјади беа ранети.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски