Во Турција почна судски процес против корисници на Твитер

Од:

Во Турција денеска започна судски процес против 29 корисници на Твитер кои се обвинети дека ја поттикнувале јавноста кон нарушување на законот преку твитови за антивладини протести во Турција минатата година. Адвокати на обвинетите изјавија дека случајот е политизиран, јави БТА.

Според активисти за заштита на човековите права, обвинетите кои се претежно млади, само споделиле информација на социјални медиуми за масовните демонстрации, кои започнаа во паркот Гези во Истанбул и се проширија во целата земја.

Тие сметаат дека обвинетите не го нарушиле законот.

– Тој вид твитови треба да биде заштитен од уставот, изјави еден од адвокатите на обвинетите и додаде дека тоа се политички обвиненија.

Турската Влада се обидува да ја контролира употребата на социјалните мрежи, кои беа искористени за организирање протести и за прикачување записи, кои ги критикуваат корупциските дејствија на владини службеници.

Твитер, кој беше наречен „закана“ од премиерот Реџеп Таип Ердоган, беше блокиран во продолжение на две седмици. Уставниот суд излезе со одлука за обновување на пристапот до социјалната мрежа.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски