Во Тирана меѓународна средба „Мирот секогаш е можен“

Од:

Од вчера попладне до осми септември Тирана ќе биде главен град на мирот и верската хармонија во светот. Мирот, верската толеранција и дијалогот се мотото на 28-та Меѓународна средба за мирот во чест на 20-годишнината од завршувањето на студената војна на Балканот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Средбата, под мотото „Мир секогаш е можен“, се одржува во органзиација на заедницата Сант Егидио во соработка со албанската Влада , албанската православна и католичка црква, а учествуваат 4.000 верски старешини, политичари и други гости од целиот свет.

На овој голем собир, кого албанските медиуми го нарекуваат и „Молитва за мир 2015“ учествуваат и голем број новинари, меѓу кои и Никола Ѓурѓај, уредник на весникот на Македонците во Албанија „Илинден“.

Министерот за труд и социјални работи Бленди Клоси на високите верски претставници и учесници им посака добредојде во, како што рече, Албанија на толеранцијата.

– Добредојдовте во земјата на хармонијата меѓу религиите, во земјата на над 650 џамии, 100 теќиња и 1.100 цркви.Добредојдовме во земјата на убавите чуда, -рече Клоси.

Во своето обраќање тој се задржа и на ланската посета на папата Франциско, кој срдечно беше пречекан и од муслиманите.

– Ние веруваме дека дијалогот може да го направи мирот можен. Правото на религија е едно од основните права и ние како претставници на државата имаме одговорност да го заштитуваме. Културната разновидност е загрозена и исчезнува и во име на религијата. Во овој свет, хармонијата слична е со човек. Ние, за само две години ја поддржавме изградба на долгоочекуваната Голема џамија, ја инаугуриравме Катедралата, христијаните и муслиманите го пречекаа папата Френсиско, го финансиравме Одеонот на Бектешите, изјави Клоси.

Обраќањето тој го заврши со зборовите на Блажената Мајка Тереза „мирот почнува со една насмевка“ и на пророкот Мухамед „насмевката треба да се напише како добротворна цел“.

На собирот беше прочитано и поздравното писмо на папата Франциско, кој покрај другото Тирана ја нарече град на верски соживот.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент