Од денеска во Србија почнува вакцинацијата со руската Суптник V, а според најавите прв вакцината ќе ја прими претседателот на парламентот, Ивица Дачиќ.
Во Србија во тек е вакцинацијата на здравствените работници. За ова се отворени 110 вакцинални пунктови. Имунизацијата почна од клиничките центри, а од петок ќе почне вакцинацијата на медицинскиот персонал и во општите болници кои се приклучени на „ковид системот“.