Во Србија 6.318 заразени лица, 122 починати и 753 излекувани

Од:

Србија досега има евидентирано 6.318 заразени лица со коронавирус, 122 починати и 753 излечени лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 122 лица, со процент на смртност во однос на заразените од 1,93 отсто, соопштија на сајтот Ковид 19.рс на српското Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 2.673 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот е потврден кај 324 лица, со што вкупно во Србија 6.318 лица имаат Ковид-19.

Вкупниот број тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 38.701 лица, а досега се излекувани 753 пациенти според резултатите на направени два негативни теста.

Во Ковид болниците вкупно се хоспитализирани 3.900 пациенти, од кои 120 лица се со влошена клиничка слика и ставени се на респиратор.

Во Србија денеска се слави Велигден, а црковните служби се служеа без присуство на верници, бидејќи на сила се вонредните мерки во борбтата за спречување на пандемијата со коронавирус. И покрај тоа што државниот врв не го исполни барањето на СПЦ за укинување на забраната за движење за Велигден, за да можат православните верници да присуствуваат на литургии, сепак во одделни храмови нив ги имаше.

Забраната за движење за велигденските празници ќе трае до вторник во 5 часот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа на ТВ „Пинк“ изјави дека од вторник полицискиот час ќе биде пократок, односно забраната за движење ќе важи од 18 до 5 часот и дека пензионерите ќе можат да го изберат своето време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро.

Тој кажа дека од следната недела сите занаетчиски дуќани ќе бидат отворени, а од 27 април и сите други продавници ќе бидат отворени.

– Фризерските салони, салоните за убавина и спортски теретани ќе почнат со работа по 27 април, но со посебна заштита. Планираме да ги отвориме рестораните и кафулињата помеѓу 3 и 10 мај, но со правење на оддалеченост. Меѓутоа, ако се влоши ситуацијата, ќе ги повлечеме сите мерки за ублажување и ќе се вратиме на постојните“, објасни Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија