Во Софија ќе допатува делегација на Стејт департментот на разговори за ситуацијата околу Украина

Од:

Американската администрација следната недела ќе испрати делегација во Софија, Букурешт и Брисел на разговори за ситуацијата околу Украина и тензиите на нејзината граница со Русија, соопшти Стејт департментот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, делегацијата ќе ја предводи советникот на Стејт департментот Дерек Шолет, чија позиција е еквивалентна на функцијата заменик-шеф на Стејт департментот.

Претставниците на САД ќе престојуваат во Бугарија, Романија и Белгија од 7 до 11 февруари. Според бугарските медиуми, посетата ќе биде „продолжение на големите дипломатски напори“ на Вашингтон, заедно со неговите „европски сојузници за поддршка на единствена позиција“ кон Русија во актуелната ситуација околу Украина.

Според Стејт департментот, овие заеднички напори имаат за цел да ја поттикнат Русија да „избере дипломатија и деескалација“.

Во Бугарија, Шолет ќе одржи нова рунда билатерален стратешки дијалог. Во Романија, меѓу другото, ќе разговараат и за распоредување на дополнителни американски војници. Во Белгија тие ќе се сретнат со претставници на НАТО и ЕУ за да продолжат дискусиите за ситуацијата околу Украина, да го проучат напредокот на дијалогот со Москва за безбедноста, како и развојот на потенцијални нови остри економски санкции против Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија