Во Софија ќе бидат доделени „Балканските туристички награди за 2022 година“

Од:

Во Софија вечер ќе бидат доделени „Балканските туристички награди за 2022 година“.

Осмото издание на годишните награди „Balkan Awards of Tourism Industry 2022“ ќе ги одликува најдобрите примери во туризмот на Балканот и ќе апелира за пријателство и добри односи во регионот. Тие се организирани од ВИП Комуникејшн.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, фаворит од Република Северна Македонија за награда е хотелскиот компекс „Аурора резорт и спа“ од Берово.

Специјална награда за време на церемонијата ќе му биде врачена на претседателот на Туристичко-угостителската комора на Република Северна Македонија, Аркан Керим, кој е еден од водечките авторитети во туризмот на Балканот, извршен и управен директор на „Генералтурист“ од 2003 година.

Косовскиот хотел, финалист на престижниот натпревар, стана дел од групацијата „Дукаѓини“ (Dukagjini Group) во 2008 година и претрпе целосен ремонт на сите простории. Хотелот „Дукаѓини“ (Dukagjini) е посочен како пример за уникатна традиционална архитектура со неверојатен поглед и истовремено, се користи како почетна точка за жителите и посетителите на градот Пеќ.

Наградите ќе бидат врачени во присуство на повеќе медиуми, претставници на туристичкиот бизнис и туроператори од регионот, како и амбасадорите на земјите во него.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

ВИДЕО: Убиен познат бугарски бизнисмен

Османи: Не сите во Софија се среќни што ќе го смениме Уставот, ќе се одземат аргументите дека ги дискриминираме Бугарите

Орце Костов

(ВИДЕО) Бугарски поп му фрли клетва на Зеленски среде Софија: Свештеник со крст се испречи пред украинската делегација

Орце Костов

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР поради случајот со Кадриески

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Претепаниот Кадриески од Струга, откако се почувствува Бугарин, посака да се лекува во Софија

Орце Костов