Османи: Не сите во Софија се среќни што ќе го смениме Уставот, ќе се одземат аргументите дека ги дискриминираме Бугарите

Од:

Министрите на Чешка, Австрија и Словачка упатиле пораки до нивниот колега Бујар Османи дека без менување на Уставот не можеме да ги продолжиме преговорите со ЕУ, а неговиот став е дека тие денес дојдоа да ни укажат дека процесот е кредибилен и дека имаме гаранција дека со жртвите кои ги правиме ќе се исплатат со членство во ЕУ.

– Јас мислам дека во овој процес треба да влеземе без предрасуди во однос на исходот објаснувајќи им на граѓаните за што се работи. Нивната посета, тие се гости со мандат на ЕУ и нивната цел е да се покаже дека ЕУ стои зад договорот, односно преговарачката рамка и дека никој во идинина не може да ја менува рамката. Ако е тоа така, зошто е одложувањето.

Имаме две опции: или ги прекинуваме преговорите и велиме јасно не сме за ЕУ или завршување на уставните измени што побрзо. Ова е најјасно и треба да им оставиме да се видат со опозициските политички партии, да влезат амандманите во Собрание, граѓаните да ги прочитаат сами и после да одиме на гласање. Се гласа пред камери и секој ќе ја преземе одговорноста. Нема трета опција.

Османи го коментираше и притисокот од БУгарија за што побрзо да се направат уставните измени.

– Тоа е непотребен притисок. Уставните измени се во наш интерес и сум убеден дека не сите во БУгарија се среќни за менувањето на Уставот. СО промените им ги земаме сите аргументи дека државата има некаков дискриминаторски однос кон било која заедница, второ е манифестација на нашиот наратив во однос на бугарскиот народ и бугарската држава – додаде Османи.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Муцунски за Османи: Не успеа да добие доверба од своите соседи, а држи лекции за политички легитимитет

А1он

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Софија спречи санкции врз патријархот Кирил и основачот на Лукоил