Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Од:

Неколку илјади луѓе со едноминутно молчење во центарот на Софија оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата.

Вчера во текот на денот, над 600 луѓе даруваа крв во болниците во Бугарија кадешто се сместени дел од повредените ов кочанската трагедија.

Малиот македонски град Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката Пулс на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот, пишува БГНЕС.

Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од Чешиново-Облешево, Штип, Пробиштип и Скопје.

Би можело да ве интересира

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди