Во Србија денеска се регистрирани 1.005 новозаразени со Ковид-19 соопштија здравствените властi. Починати се пет лица.
Во болниците во Србија во моментов на лекување се 849 лица, на респиратор се 25 пациенти.
Од последици од коронавирусот во Србија досега почина 7.158 лица, процентот на смртност е 0,98 посто.
Во Босна и Херцеговина денеска се регистрирани нови 260 случаи на Ковид-19. Во Хрватска во последните 24 часа има 367 новозаболени, починале две лица.
Алармантна е ситуацијата во Косово каде што во последното деноноќие има 1.370 нови случаи на Ковид-19.