Во Република Српска свлечиштата уриваат куќи, патишта и инсталации

Од:

На подрачјето на Општина Лопаре до сега се евидентирани 270 свлечишта кои ги загрозија електричните инсталации, ПТТ инсталациите и голем број куќи. Над 150 куќи се директно загрозени, а над 250 луѓе се евакуирани, соопшти Цивилната заштита на Република Српска.

Во Зворник се активни над 200 свлечишта. Километри од локалните патишта се уништени или оштетени, додека 200 куќи се целосно уништени или трајно оштетени.

Во Месната заедница Бошковиќ околу 40 куќи не се сигурни за живот бидејќи практично тонат во земја.

Цивилната заштита соопшти дека во Општина Братунац регистрирани се 126 свлечишта, поради што се евакуирани 170 луѓе.

И во други места се регистрирани бројни свлечишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Поплави во долината Неретва

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он