Во Приштина приведен осомничен за силувањето на 11-годишното девојче

Од:

Основното обвинителство во Приштина приведе полнолетен под сомнение дека во јуни годинава го сторил кривичното дело силување во случајот со 11-годишно девојче. На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, соопшти Обвинителството.

Како што се наведува, државниот обвинител ќе поднесе барање до надлежниот суд за определување мерка притвор против обвинетиот во законскиот рок.

Порталот РТВ КиМ потсетува дека Косово последните недели го потресуваат вести за силување на малолетници. Прво во Приштина е пријавен случај на силување на единаесетгодишно девојче, а потоа обелоденети други случаи во Гњилан, Исток, Клина…

Оваа информација предизвика протести и во Приштина пред зградата на косовската влада.

Би можело да ве интересира

Две девојчиња биле сексуално злоставувани, тврди Обвинителството

Горан Наумовски

Пукање во хотел во Приштина: Една жртва, двајца повредени

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Kолку години ќе се оди во затвор за „сексуални“ пораки на Фејсбук

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) За вулгарни пораки на Фејсбук во затвор – сексуално вознемирување е кривично дело

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството и МВР отворија предмет за интервјуто на Латас кај јутјуберот Лазаров

А1он

Хелсиншки комитет: За Латас и Лазаров силувањето е извор на смеа, на оваа култура мора да се стави крај

Ана Ололовска